| четврток, 6 декември 2018 |

Групна крштевка на Бабуна по седми пат

16 претежно млади на овој начин ја добија Светата тајна, крштението, објави порталот „Ти реков ми рече“.

Шеснаесет  верници денес беа крстени во водите на реката Бабуна крај Велес. Ова е  седми пат како се организира  групно бесплатно крштевање,  од Повардарската Епархија на МПЦ -ОА.  На ваков начин се предава Светата тајна – крштевањето. Тоа  е моментот, кога верниците според верата се соединуваат со Бога.

Чинот на осветување на водите на реката Бабуна и Светата тајна – Крштение го извршија протоереј Борис Симоновски, свештеник Мики Миовски и свештеник Игор Пармачки. Сите што денес  беа крстени беа млади, на возраст до 30-тина години.

Имаше и неколкумина од Скопје, Кавадарци. Скопјаните дојдоа  во Велес оти повеќе немало групна крштевка на Матка, тие  од Кавадарци  се одлучиле за Бабуна а не за групната крштевка на Тиквешко, оти морало час и повеќе да се патува со чамец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top