Поранешната најдобра тенисерка на светот данкињата Каролине Вознијачки е победничка на ВТА турнирот во Истанбул.
Таа во финалето ја победи Роберта Винчи убедливо со 2-0 (6-1, 6-1) во сетови.
Возњацки загуби само два гема во текот на целиот натпревар и за само 67 минути игра се израдува на првиот турнир освоен оваа година. Интересно е што данската тенисерка од 2008 година наваму, освојува минимум по еден турнир годишно.
Таа успеа да ги освои сите брејк гема во кои доби шанса за одземање на сервисот на противничката.
Роберта Винчи никако неможе да освои турнир бидејќи во Истанбул врза два турнира кои ги загуби во финалето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.