| четврток, 6 декември 2018 |

Турски туристи ограбени додека појадувале во Неготино

Двајца турски државјани кои на кратко престојувале во нашиот град да се одморат и освежат во угостителскиот  објект Памела на влезот во Неготино, биле ограбени додека појадувале, објави порталот „Неготино инфо“.

По завршувањето со оброкот во автомобилот со кој патувале ги чекало непријатно изненадување откако забележале дека им ги нема патните торби. Турските државјани останале без 327.000 денари, 2.000 евра, 450 турски лири, а им биле украдени и 2 лаптоп компјутери, ајпод, неколку кредитни картички и лични документи. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и откривање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top