| четврток, 6 декември 2018 |

Првата финалистка за Мис на Македонија (ФОТО)

Турнејата  за изборот за мис на Македонија, за „Мис глоуб“ започна вчера во Струмица, а караванот со убавите девојки на „Црнокрак“ ќе помине низ уште неколку поголеми градови, се до средината на месец август кога во Дојран меѓу финалистките од сите вечери ќе се избере најубавата девојка.

Синоќа на Леблебиџиската улица продефилираа вкупно 11 девојки. Прво место според гласовите на жирито беше Андреа Ковачева.

Победничката на Мис на Македонија 2014 ќе ја претставува нашата држава на интернационалниот избор за убавина „Мис глоуб“, кој ќе се одржи во ноември, а исто така како награда ќе добие и стипендија од Универзитетот за Туризам и Менаџмент од Скопје во вредност од 6.000 евра.

Минатата година победи Симона Станковска од Скопје, која подоцна на изборот за „Мис глоуб 2013“ постигна фантастичен резултат: влезе во финале, во најубавите 10, а на крајот го освои четвртото место и титулата Трета придружничка, како и титулите Miss Elegance, прва придружничка Miss Bikini и прва придружничка Miss Talent.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top