| четврток, 6 декември 2018 |

Полициска акција во Гази Баба – приведени три лица

МВР во два различни случаи на недозволена трговија со дрога до надлежното јавно обвинителство поднесе кривични пријави против три лица Н.И. (52) и А.М. (32) од Скопје и Н.В. (62) од Дебар поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Од страна на судија во претходна постапка на пријавените им се одредени мерки притвор во траење од по 30 денови.

Во првиот случај по добиени сознанија дека пријавените Н.И. и А.М. од нивниот дом во скопска Гази Баба подолг период продаваат наркотична дрога хероин, превземени се мерки и активности за обезбедување на материјални докази. Притоа е дојдено до сознание дека пријавените во текот на минатиот месец од засега непознато лице, набавиле поголема количина на хероин ја препакувале за улична продажба и по претходен телефонски договор со уживатели им ја продавале од дома каде што понекогаш им овозможувале и користење на истата.

Постапувајќи по добиените сознанија, со наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот и други простории на пријавените, при што  се  пронајдени и одземено  47,6 грама хероин и 375 грама смеса од парацетамол и кофеин – медикаменти кои на илегалниот пазар најчесто се користат како додаток во хероинот со цел зголемување на неговата маса. Против двајцата пријавени, покрај тоа што се уживатели на наркотична дрога-хероин,  во перодот 1996-2009 година се поднесени кривични пријави за дела проследени со насилство, посредување во вршење проституција и имотни деликти, за што од надлежен Суд на Н.И. му изрекол три казни затвор, додека на А.М. и е изречена една мерка засилен надзор од социјален орган и една казна затвор.

Во вториот случај, пак, вчера околу 01 часот на регионалниот пад Дебар-Маврово, поточно кај бензинската пумпа “Бигорски“ полициски службеници сопреле возило марка “фолксваген пасат“ со охридски регистарски таблички управувано од пријавениот Н.В., при што по направената контрола во возилото била откриена црна најлон кеса со два килограми опојна дрога марихуана. По откривањето на дрогата Н.В. го стартувал возилото и се дал во бегство но набргу е пронајден и приведен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top