Во домот на Катица и Живко Угриновски од Тетово конечно има врева. Тишината и тоа што, како што велат, нема кој да растура по дома ги мачеле 12 години. Толку години се борат со стерилитетот. Битката ја добија пред 12 дена, со раѓањето на Лука, Лана и Леон, пишува „Нова Македонија“
Тројна радост и среќа за мама и тато, круна на нивниот успех во битката, радост и за медицинскиот тим во првата приватна општа болница „Ре-Медика“. Лука веќе е дома, а Лана и Леон се во стабилна состојба, но сѐ уште им е потребна поддршка од лекарите и од сестрите во болницата. Наскоро и тие ќе им се придружат на братчето и на родителите.
Дечињата се родени во 34-та недела од бременоста (1,9 килограм, 1,7 килограм и 1,5 килограм). Катица останала бремена со 14-тото инвитро, или вештачко оплодување.
– Пресреќни сме. Неколку години сме пациенти тука. Нашата борба беше долга, имавме неуспеси. Но успеавме да издржиме. Најблиските, доц. д-р Зоран Петановски и медицинскиот персонал не дозволија да ја загубиме волјата. Имаме и слога и љубов. Сега имаме и три сонца – вели триесет и двегодишната Катица.
Живко и Катица одлучиле имињата на децата да им почнуваат на иста буква. Таа се надевала дека ќе успее да издржи подолго со бременоста, но се покажало дека во 34-та недела е време за царски рез.
Целиот текст прочитајте го на „Нова Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?


