Третиот ден од пивскиот фестивал во Прилеп помина со вообичаената саботна гужва, карактеристична за „Пивофест“. Додека се чекаат официјалните податоци за тоа колку се изеде и испи годинава, публиката покрај многубројните врсти на пиво и скара, можеше да ужива и во музичкиот избор. А, и тука, има за сите по нешто. За оние накои не им се допаѓа музиката на хрватската пејачка Јелена Розга, оваа џебна Венера понуди визуелно уживање.
Секогаш облечена во ултракратки креации, Розга не пропушти и на сцената во Прилеп да покаже повеќе ноџе. Со неа и заврши третиот ден на 12. по ред „Пивофест“, кој се затвора утре со настапите на Урош Туркуловиќ и Маид Хечимовиќ од „Икс-фактор“, Емина Јаховиќ и Жељко Самарџиќ.
Повеќе фото на „Курир“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.