| четврток, 6 декември 2018 |

Четири години водел двоен живот за да ја изненади мајка си (ВИДЕО)

Лиам Блер (31) и подготвил неверојатно изненадување на неговата мајка Ронда, кога ја одвел во еден ресторан и таму облечен во свечена одора и соопштил дека во последните четири години студирал психологија без нејзино знаење и дека тоа попладне ќе дипломира.

skotlanganec-500

Шкотлаѓанец сето тоа го снимил и го објавил на Јутјуб, а видеото веднаш почна да се шири по социјалните мрежи.

– Идејата на почетокот беше да не и откријам се додека не се запишам на факултет, но потоа малку се развлече, се пошегува Блер.

Тој четири години водел двоен живот и дури ја уверувал неговата мајка дека работи во една фабрика за преработка на риби.

– Стануваше се побизарно, а лагите стануваат се позамрсени. Тврдев дека работам различни работи и дека претстојувам во хотел во Перт, а стана навистина комплицирано кога почна да ме распрашува за колегите од работа, раскажува Блаир, кој за психологија се одлучил бидејќи повеќемина негови многу блиски луѓе боледуваат од психички болести.

Изненадувањето било уште поголемо затоа што Лиам претходно веќе студирал, но го напуштил факултетот за да се посвети на музиката, со што ја разочарал неговата мајка.

– Ронда беше воодушевена. Четири години зборуваше: Место да учи, губи време во фабриката. За неа ова беше голем шок и убаво изненадување, изјави баба му на Лиам, Агнес Героу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top