| четврток, 6 декември 2018 |

Јавно запросување на танчерката од „Танц со ѕвездите“ (ВИДЕО)

Јавните и театрални запросувања се сѐ почести и во Македонија. Иако ова изненадување за инструкторката од шоуто „Танц со ѕвездите“ се случуваше во февруари оваа зима, видеото од запросувањето на Широк Сокак во Битола дури денес беше објавено на „Јутјуб“.

Се работи за свршувањето на танчерката Марина Овезовска и нејзиното момче Александар Трајковски. Атрактивната битолчанка настапуваше во двете сезони на популарното шоу, а ја поврзуваа и со двата нејзини танц партнери и штитеници, Александар Белов и Влатко Илиевски. Овезовска на своето презиме веќе го додаде и она на нејзиниот сопруг, кој живее и работи во Австралија, каде таа наскоро ќе му се придружи.

marina

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top