Германсиот автомобилист и член на Формула 1 тимот Мерцедес Нико Розберг ја освои пол-позицијата во квалификациите за големата награда на Германија што оваа година ќе се вози во Хофенхајм.
Тој беше најбрз со време од 1.16.540 минути и беше супериорен пред двоецот на на Вилијамс Борас и Маса кои ќе стартуваат од второто и третото место.
Кевин Магнусен денеска извозе имресивно и заврши на четвртата позиција, додека од третитот стартен ред односно од петтата и шестата позиција ќе стартуваат возачите на Ред Бул Рикардо и Фетел.
Најголемиот конкурент на Розберг за титулата, неговиот клубски колега Луис Хамилтон ќе стартува дури од 16 место поради инциндентот што го имаше во првиот сектор од кваклификациите.
Големата награда на Германија секоја година се вози на различна патека. Хофенхајм и Нирбургринг се менуваат преку една година,а годинава редот е токму на Хофенхајм.
Трката ќе се вози утре во 14 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


