Шпанската полиција го уапсила колумбискиот наркобос со прекар „Глушец“ кој наводно е лидер на голема нарко банда. Тој е обвинет за 400 убиства, соопштија од полицијата.
Четириесет годишниот Ернан Алонсо Виља е уапсен во источниот приморски град Аликанте, пренесува Танјуг.
Тој се смета за еден од најбараните криминалци од страна на колумбијските власти. Под своја команда имал повеќе од 200 луѓе и бил одговорен за извоз на кокаин во Шпанија, САД, и Холандија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



