Германскиот канцелар Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин сметаат дека е неопходно спроведување на меѓународна истрага за утврдување на причините за падот на малезискиот авион, кој се урна во четвртокот во источна Украина, соопшти прес-службата на германската Влада.
Во соопштението се посочува дека Меркел и Путин имале телефонски разговор во кој се согласиле дека истрагата треба да ја спорведе независна меѓународна комисија под раковоство на Интернационалната организација за цивилно воздухопловство.
Комисијата терба да има брз и сигурен пристап до местото на несреќата, да ја утврди состојбата и да ги извлече телата на загинатите, се нагласува во соопштението.
Меркел побарала од Путин и „да го искористи своето влаијание“ врз проруските активисти за постигнување примирје во источна Украина.
Кремљ од своја страна соопшти дека Меркел и Путин при разговорот се согласиле дека е „важно да се спроведе објективна и сеопфатна истрага“, при што германската канцеларка „позитивно ја оценила подготвеноста на Руската Федерација да испрати свој претставник во истрагата“.
ИТАР-ТАСС јави и дека двајцата лидери го нагласиле „прнципиелното значење“ на возобновувањето на консултациите на контакт групата за Украина, во која покрај ОБСЕ, Украина и Русија би требало да бидат вклучени и претставници на „протестирачките региони“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



