| четврток, 6 декември 2018 |

Дијалог меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ: За Заев Антикорупциска, Советот за радиодифуција и ДЗС?

Liderska sredba zaev - gruevski 2014 (1) (Custom)

На последната средба меѓу лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ Никола Груевски и Зоран Заев се разговарало за одмрзнување на политичкиот дијалог и во тој контекст се споменуваат и неколку раководни функции, пишува „Дневник“.

Се споменуваат и раководните позиции во Државниот завод за ревизија, антикорупциската комисија и во Советот за радиодифузија. Од владејачката партија изречно велат дека овие информации доаѓаат од опозицискиот СДСМ и дека станува збор за обид да се покаже дека ВМРО-ДПМНЕ би прифатил и нереални барања. Наспроти ова, партијата на Заев и натаму инсистира на петте барања кои лидерот ги изнесе на средбата со Груевски, особено потенцирајќи дека не се откажуваат од клучното барање за техничка влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top