Папата Бенедикт XVI денеска ја напушта Светата столица во Ватикан. 85 годишниот Папа претпладнево ќе се збогува со кардиналите, а во 17 часот е предвидено со хеликотер да замине во Кастел Гандолфо, мало место на 25 километри од Ватикан каде што ќе престојува.
Неговата функција официјално престанува вечерва во 20 часот кога почнува период на „Празна Столица“ и кој ќе трае се до изборот на нов поглавар.
Бенедикт XVI со себе ќе понесе неколку работи: семејна фотографија од него, неговиот брат Џорџ и сестра му Марија, дрвен крст од родната Баварија, позлатен будилник, тањир на кој е втиснат папскиот грб, како и столицата што ја добил за неговиот 85 роденден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.