| четврток, 6 декември 2018 |

Ужасно злосторство во САД: Баба си ги убила двете внучиња, па сама си пресудила

47 годишна Американка ги убила двете внучиња, а потоа и сама си пресудила во градот Престон, југоисточен Конектикат.

Телата на двегодишниот Елтон Пери и шестмесеното бебе Ештон Пери, како и на нивната баба 47 годишната Дебра Денисон биле најдени во автомобил.

Според полицијата, бабата ги зела децата од градинка и наместо да ги однесе дома, се упатила кон другиот крај на градот каде што го извршила грозоморниот чин. Тој ден Елтон го прославувал неговиот втор роденден, а бабата требало да го однесе дома каде што го чекале родителите со торта и подароци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top