| четврток, 6 декември 2018 |

Коцка мраз – за убаво, здраво и свежо лице

коцка

За да се ослободите од подочниците, перничињата или темните кругови под очите, користете мраз од црн и зелен чај, камилица или кантарион.Најсексапилната дива на сите времиња, Мерлин Монро, секое утро ја користела оваа метода. Пред да започнете, запомнете неколку едноставни совети:

  1. Никогаш не користете вода од чешма. Користете провриена, филтрирана или негазирана минерална вода.
  2. Чувајте го козметичкиот мраз во ладилник не повеќе од 10 дена.
  3. Земете го во предвид вашиот тип на кожа. Сувата кожа реагира повеќе при нанесување.
  4. Не треба да трае повеќе од 3 минути.
  5. Со лесни движења поминете го целото лицe: од центарот на челото кон слепоочниците, од подбрадокот кон ушите и од усните кон јаболчиците.

Козметичкиот мраз можете да го подготвите со: нане, камилица, жалфија или пак со вашата најомилена билка.

Нането е корисно за средовечна кожа на лицето. Жалфијата ја регенерира кожата. Мајчината душица пак ја прави кожата свиленкаста и мека.

Постапка: во пола литар вода ставете две лажици ситно исецкани билки.  Поклопете го садот и  оставете да отстои 3 до 4 часа. Процедете ја течноста, сипете ја во калапи за мраз и ставете ги истите во ладилник.

Како да се користи: Третирајте ја кожата наутро и навечер. По нанесувањето избришете го нежно лицето со пешкир и нанесете крема. Не заборавајте истото да го направите на вратот и деколте зоната.

За да се ослободите од подочниците, перничињата или темните кругови под очите, користете мраз од црн и зелен чај, камилица или кантарион. За кожата околу очите е корисно да се користи замрзнато млеко.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top