| четврток, 6 декември 2018 |

Градската болница „8 Септември“ доби Ургентен центар (ФОТО)

Во Градската општа болница „8 Септември“ денеска свечено беше отворен Ургентен центар.

8-mi Septemvri Gradska bolnica Urgenten centar 04 (Custom)

За потребите на Ургентниот центар е извршена реконтрукција и доградба со квадратура од над 900 м2, финансирана од американската амбасада и од амбасадорот Пол Волерс, а опремата е од Министертсвото за здравство и дел од сопствениот буџет на градската болница „8 Септември“.

8-mi Septemvri Gradska bolnica Urgenten centar 06 (Custom)

Директорот на болницата, Сашо Стојчев, изрази огромна благодарност до сите што помогнаа да се реализира овој проект, а особено до американскиот амбасадор Пол Волерс, кој даде голема поддршка на овој проект.

8-mi Septemvri Gradska bolnica Urgenten centar 02 (Custom)

Амбасадорот Волерс истакна дека со заеднички сили успеале да го финишираат овој значаен проект.

– Како што знаеме сите, живееме во финансиска неизвесност, но определбата на Владата на САД да обезбеди финансиски средства, заедно со нашите македонски пријатели, направи да добиеме преку половина милион долари за овој проект да стане реалност – рече Волерс.

8-mi Septemvri Gradska bolnica Urgenten centar 09 (Custom)

Во состав на Ургетниот центар се изградени и две операциски сали, ортопедско-трауматолошка и општо хируршка сала, како и повеќе простории и сали за потребите на Ургентниот центар.

8-mi Septemvri Gradska bolnica Urgenten centar 10 (Custom)

– Имајќи ја предвид специфичната здравствена состојба на овие пациенти, која често е животно загрижувачка, овој Ургентен центар е приспособен да одговори на потребите на пациентите за подобрување на нивната здравствена состојба – истакна министерот за здравство, Никола Тодоров.

8-mi Septemvri Gradska bolnica Urgenten centar 01 (Custom)

Тој воедно потенцираше дека Ургентниот центар е обезбеден со опрема со средства од Министерството за здравство, а дел и со сопствени средства на Градската болница „8 Септември“ во вкупна вредност од 220 илјади евра, како и повеќе машини за миење инструменти во вредност од 100 илјади евра.

8-mi Septemvri Gradska bolnica Urgenten centar 11 (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top