
Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека украинските власти се одговорни за падот на патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“ над источна Украина.
Тој истакна дека несреќата не би се случила доколку Киев не ја почнел офанзивата против проруските сили на истокот на државата.
– Оваа трагедија немаше да се случи ако на ова подрачје владееше мир или барем воените операции да не беа во тек – рече Путин и додаде дека нема сомнеж дека владата на државата, над која се урна авионот, е виновна за оваа страшна трагедија.
Тој истакна дека побарал од својата влада да направи сѐ што е можно за да помогне во истрага на инцидентот.
– Ќе направиме сѐ што е можно за да се добие објективна слика за она што се случи. Оваа несреќа е потполно неприфатлива – изјави рускиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


