| четврток, 6 декември 2018 |

Интересен начин како да го гушнете Иво Карловиќ (видео)

На турнирот што се игра во Богота, хрватскиот тенисер Иво Карловиќ беше подобар од Израелецот Дуди Села со резултат 2-0 во сетови, но, сепак, најинтересен момент беше поздравувањето на мрежата.

Карловиќ е висок 208 см, а Села само 175 см, па Израелецот на доста интересен начин реши да му ја честита победата.

– Откако победив, дојдов до мрежата да се ракуваме, а потоа го видов како се враќа по стол. Не знаев што сака да направи, а потоа ме прегрна. Беше неверојатно урнебесно, а јас му вратив со гушкање. Тој, навистина, е фино момче и ми се допаѓа. Беше забавно – изјави Карловиќ.

karlovic

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top