Повторно насмеана и спокојна, актерката Кејти Холмс и колегата Рајан Рејнолдс изгледаат како среќна брачна двојка, но само на снимањето на нивниот нов заеднички проект. Холмс беше фотографирана со лажно трудничко стомаче вчера во долината Сан Фернандо додека снимаше сцени за новата драма.
Рејнолдс и Холмс играат маж и жена во филмот базиран на вистинска приказна за Еврејката Марија Алтман (Хелен Мирен), која ја преживеа Втората светска војна и се труди да врати пет слики од Густав Климт украдени од нејзиното семејство од нацистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


