| четврток, 6 декември 2018 |

По авионската несреќа, црната кутија најдена, не престануваат обвинувањата

ap_ukraine_plane_crash_pointing_jc_140717_16x9_992Припадниците на проруските сили на истокот на Украина соопштија дека ја пронашле „црната кутија“ на малезискиот авион, што денеска се урна со 295 патници и членови на екипажот, пренесоа руските медиуми.

rt_malaysia_plane_5_kb_140717_4x3_992Истовремено, како што пренесува Танјуг, директорот на украинската служба за контрола на воздушниот  сообраќај, Дмитро Бабејчук, изјави дека екипажот на авионот на „Малезија ерлајнс“ не пријавил никакви проблеми при летот.

-Летот во украинскиот воздушен простор се одвивал без никакви проблеми. Од екипажот не добивме пријава за некакви проблеми, рече  Бабејчук.

rt_malaysia_plane_4_kb_140717_16x9_992Украинскиот претседател Петро Порошенко смета дека терористички чин е причина за падот на малезискиот патнички аион на истокот на Украина, во кој, според последните податоци, погинале  најмалку 300 лица.

-Порошенко мисли дека авионот е соборен. Да тоа не била несреќа, ниту катастрофа, туку терористички чин“, соопшти портпаролот на украинскиот претседател.

gty_ukraine_plane_crash_wreckage_wheels_jc_140717_4x3_992Во меѓувреме, украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека при падот на авионот на компанијата „Малезија ерлајнс“, на истокот на Украина, погинале најмалку 300 лица, меѓу кои 23 и државјани на САД, пренесоа британските медиуми.

-Најмалку 300 недолжни лица се убиени… колку што знаеме, од тоа 23 се државјани на САД- соопшти Зорјан Шкириак. Оваа авиокомпанија претходно соопшти дека во авионот се наоѓале 280 патници и 15 членови на екипажот.

rt_malaysia_plane_3_kb_140717_4x3_992Авионот бил соборен со проектил земја-воздух над Украина, во близина на границата со Русија.

Агенциите, повикувајќи се на различни извори, јавуваат дека никој не ја преживеал несреќата.

„Боингот 777“ летал од Амстердам за Куала Лумпур и бил соборен додека бил на височина од 10 километри.gty_ukraine_plane_crash_wreckage_man_2_jc_140717_4x3_992

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top