Цели 180 минути игра на два меѓународни меча едноподруго немаше гол на националната арена „Филип втори“ во Скопје, а по Работнички вчера со Хелсинки, денеска мрежите мируваа и на дуелот меѓу Металург и Железничар.
Во натпревар од второто квалификациско коло за пласман во Европа Лигата, македонскиот претставник не успеа да обезбеди предност пред реваншот во Сараево и ќе патува во главниот град на БиХ без позитива. Добро е што металурзите не примија гол, па со евентуален нерешен резултат со погодоци во возвратниот дуел би се пласирал понатаму.
Вчера и Работнички кој не претставува во квалификациите за Лигата на шампионите одигра без голови со ХЈК Хелсинки. Овие две екипи ја претставуваат Македонија во европските купови, откако претходно уште на стартот од филтер рундата во Европа Лигата испаднаа Шкендија и Турново.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


