Претседателот на Русија Владимир Путин денеска изјави дека новите санкции на САД кон Русија ќе ги засегнат не само руските туку и американските фирми и ќе ги влошат билатералните односи.
Тој истакна дека новите мерки ќе имаат обратен ефект врз работата на американските компании во Русија.
Изјавата на Путин уследи неколку часови откако американскиот претседател Барак Обама најави нов пакет поригорозни санкции за двете водечки руски енергетски компании, две финансиски институции, осум фирми за оружје и четири физички лица. Засилениот економски притисок на Белата куќа врз Кремљ е да се стави крај на бунтот во Источна Украина, кој според многумина е поддржуван од Москва.
Најзначајни компании на новата „црна листа“ на САД се „Роснефт“ и најголемиот независен производител на гас во Русија „Новатек“.
Рускиот берзански индекс ММВБ денеска попладне забележа пад од 2,9 поени, а акциите на „Роснефт“ и на „Новатек“ ззначително изгубија од вредноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.