Патнички авион од типот „Боинг 777“ на малезиската авиокомпанија „Малезија ерланјс“ со 295 патници и членови на екипажот, се урна на територијата на Украина, на 60 километри од руската граница, јави ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на извор од украинското Министерство за внатрешни работи .
Компанијата „Малезија ерлајнс“ потврди дека го изгубила контактот со својот авион на линијата МХ17 и дека се уште собира релевантни информации.
Во авионот имало 280 патници и 15 членови на екипажот, а агенциите, повикувајќи се на различни извори, веќе јавуваат дека нема преживеани.
Боингот летал од Амстердам за Куала Лумпур. Пред да навлезе во воздушниот простор на Русија авионот почнал да понира, а подоцна очевидци го забележале запален на украинска територија.
Антон Герашенко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, на својот профил на Фејсбук напиша дека авионот исчезнал од радарот на висина од 10.000 метри, кога бил погоден од ракета истрелана од лансирна рампа „Бук“, по што се урнал во близина на градот Шактјорск.
Американски медиуми, пак, јавиваат дека нивни новинари претходно денеска виделе сличен таков лансер во близина на источниот украински град Снижње.
Британските медиуми ја пренесуваат изјавата на извор од воздухопловната служба дека малезискиот авион е најден како гори на земјата на истокот на Украина.
Таканаречната „Доњецка Народна Република“, во која се водат борби меѓу укранските и проруските сили, ги отфлри наводите за вмешаност во инцидентот наведувајќи дека нивните сили за самоодбрана немаат таква воена опрема, пренесе телевизијата „Раша тудеј“.
Претседателот на Украина Петро Порошенко, соопшти дека „ сепак е можно авионот да е соборен“, а украинскиот премиер Арсениј Јаџењук наложи почнување итна истрага за инцидентот.
„Малезија ерлајнс“ и малезиското Министерство за сообраќај соопштија дека немаат информации дека некој авион е урнат над Украина, пренесуват британските медиуми.
Во меѓувреме, „малезија ерлајнс“ на Твитер објави дека го загубила контактот со авионот на линијата МХ17 од Амстердам за Куала Лумпур и дека последната позната позиција на авионот била над украинскиот воздушен простор, додавајќи дека ќе следат повеќе детали за настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


