| четврток, 6 декември 2018 |

Малезиски авион исчезна над Украина, Москва тврди бил соборен од Украина

HT_malaysia_plane_smoke_1_jtm_140717_4x3_992Малезискиот авион со 295 патници и членови на екипажот е соборен над Украина со проектил земја-воздух, во близина на границата со Русија, јави руската агенција Интерфакс, повикувајќи се на извор од украинското Министерство за внатрешни работи.

Како што пренесува Танјуг, „Боингот 777“, што летал од Амстердам за Куала Лумпур бил соборен додека бил на височини од 10 километри.

Агенцијата ИТАР-ТАСС јави дека „Боинг 777“ се урна на околу 60 километри од руската граница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top