| четврток, 6 декември 2018 |

Јотовски гази во Белград, четврт-финале за македонскиот тенисер

Томислав Јотовски ќе игра во четврт-финалето на турнирот од фјучрс серијата во Белград по убедливиот триумф против Марко Осмачиќ. Македонскиот тенисер победи со 6-2, 6-0 и за пласман меѓу четворицата најдобри на турнирот со награден фонд од 10 илјади долари, ќе игра со подобриот од дуелот меѓу првиот носител Ласло Ѓере и Риота Киши.

Јотовски во претходното коло го победи домашниот претставник Никола Чириќ со 7-6, 6-2. Прв носител на турнирот е Унгарецот Ѓере, кој е можен следен противник на осмиот фаворит Јотовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top