Супермоделката и сопруга на пејачот Џон Леџенд, Криси Тајген (28), која има завидна манекенска кариера, признала дека во манекенството многу е застапена елитната проституција.
– Некои модели наплаќаат 30.000 долари за вечер. Дали знаете дека во Кан постојат проститутки што наплаќаат и до 30.000 долари за вечер? На многу моделки тоа им е дополнителен извор на заработувачка. Јас дефинитивно не вредам 30.000 долари. Всушност нема што да понудам – изјавила Криси за магазинот „Du Jour“.
Според нејзините зборови, моделите, актерките и убавиците сексуално задоволуваат богати мажи во луксузните хотели во Кан, на јахтите од милионерите и така заработуваат по илјадници долари за вечер.
Нејзините тврдења не се далеку од вистината. Судејќи според либанскиот бизнисмен Елија Нахас, кој во 2007 година бил уапсен поради водење синџир проституција, луѓето немаат поим колку пари заработуваат елитните проститутки.
Нахас организирал 50 девојки од различни националности, а главни клинети им се богатите Европејци за време на Канскиот фестивал.
48-годишниот Нахас, кој отслужува осумгодишна казна затвор, изјавил дека некои девојки заработуваат и до 40.000 долари.
– Арапите се највеликодушни мажи на светот. Ако им се допаднете, тие ќе ве опсипат со пари. Тие во џеп имаат по десетици илјади евра. За нив тоа се обични хартии. Тие дури не ни сакаат да ги бројат парите, туку само ви даваат цело снопче пари без размислување – изјавил Нахас во едно интервју во 2013 година.
Сопругата на пејачот Џон Леџенд не ја шокирала многу јавноста со овие изјави, но таа е една од ретките модели што проговориле за овие проблеми во јавност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заработуваат до 3.000 евра неделно на бугарските летувалишта, во август цената ќе биде повисока
-
Во филмска акција разоткриен ланец на елитна проституција: Во стан уапсени 3 макроа и 7 жени!
-
Македонците чести гости кај проститутките – секоја година се повеќе пари даваат на нив
-
Криси Тајген во криза – со нејзиниот живот владее алкохолот!



