Славните личности ретко зборуваат за својот проблем со алкохолот, но манекенката Криси Тајген веќе небрoено пати докажала дека за неа не постои табу тема за кој нема да зборува.
Сопругата на музичарот Џон Леџенд отворено проговорила за пиењето на алкохол признавајќи дека не ѝ се допаѓа како се однесува.
На одморот на Бали, каде што биле минатиот месец, сфатила колку пие.
– Едноставно премногу пиев. Бев навикната да испијам чаша вино секој пат кога ме шминкаат подготвувајќи се за настани. Потоа тоа ќе ме надвладееше па ќе испиев уште една пред доделувањето на наградите. А, потоа на самото доделување пиев уште куп чаши. И потоа се чувствував лошо, бидејќи изгледав како идиот пред луѓето кои навистина ги ценам и почитувам. А, нема ништо полошо од тоа чувство. Чувството е грозно. И испаѓаш глупав пред другите – изјавила искрено Криси.
Додала дека ситуацијата е мошне тешка – како да не пиеш во Холивуд кога алкохолот доаѓа со стилот на животот?
– Се ти е тука, на дланка. Секогаш има алкохол околу тебе. Не знам како да одам на некое доделување, а да не пијам. А, јас едноставно не можам да испијам само еден пијалак – додала Криси.
Но, сака да престане со таквиот живот. Таа и сопругот пак ќе се обидат со вештачко оплодување, а алкохолот ни малку не и помага.
– Сега одлучивме да патуваме, да ги видиме своите пријатели, бидејќи потоа не чека тежок процес, а тоа е вештачкото оплодување – изјавила Криси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.