| четврток, 6 декември 2018 |

МОБ, „Брејк а лег“, Македонска филхармонија на престижни светски сцени

Во октомври оркестарот на Македонската филхармонија ќе реализира концерт во престижната концертна сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб. Концертот ќе биде дел од 40. издание на најстариот и најпрестижен музички циклус во Република Хрватска, „Свет на музиката“

brejk-a-leg

Со поддршка од Министерството за култура, на 13, 15 и 16 септември  2014 година Македонската опера и балет со оперската претстава „Дон Џовани“ ќе учествува на 16. издание на Меѓународниот фестивал на музика и игра, кој ќе се одржи во културниот центар во Бангкок, Тајланд. Исто така, во септември, во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура во Австрија“, по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Макеоднија и Република Австрија, балетот при МОБ ќе ја изведе балетската претстава „14 часа“ по кореографија на Игор Киров и музика на Кирил Џајковски.
Во периодот од 24 до 28 септември оваа година, со поддршка на Министерството за култура, студиото за модерни танци „Брејк а лег“ ќе ја претставува Република Македонија на Светското првенство во модерни танци 2014, кое ќе се одржи во Бохум, СР Германија. На првенството ќе учествуваат околу 40 земји од 5 континенти, а Македонија ќе биде претставувана од 30 танчари од „Брејк а лег“, кои и оваа година ќе имаат шанса да го повторат минатогодишниот пласман од Светското првенство во Данска, каде што се пласираа во финалето.
Во октомври оркестарот на Македонската филхармонија ќе реализира концерт во престижната концертна сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб. Концертот ќе биде дел од 40. издание на најстариот и најпрестижен музички циклус во Република Хрватска, „Свет на музиката“.
До крајот на годинава Сојузот на композиторите на Македонија ќе одржи концерт во холандскиот град Хилверсум, кој ќе се реализира во соработка со Факултетот за електроакустична музика, а, исто така, Сојузот ќе реализира и концерт на современа македонска музика со австралиски исполнувачи во Мелбурн, Австралија.
Освен музичката дејност и творештво, Министерството за култура го поддржува и традиционалното творештво, фолклорот и фолклорните танци, кои се нераскинлив дел од македонската историја, идентитет и одлика на нашиот народ и држава. Единствениот национален ансамбл во Република Македонија, „Танец“, кој, несомнено, преставува симбол на македонскиот фолклор и традиција и амбасадор на културата на Република Македонија во светот, по успешниот настап на фестивалот кој се одржа во Рига кон крајот на јуни во рамките на манифестацијата „Рига, европска престолнина на културата 2014“, со поддршка од Министерството за култура во периодот од 22 јули до 1 август ќе реализира концертна турнеја во Хрватска. Турнејата ги опфаќа Меѓугорје, Задар, Макарска и Загвозд, каде што „Танец“ ќе одржи заеднички концерт со Националниот ансамбл на Република Србија „Ладо“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top