Најдете си партнер кој се однесува добро со вас и ве прави среќна – некој кој ви ја покренува самодовербата, а не се труди да ја гази. Човек во кого можете да имате доверба и кој заслужува да има специјален статус во вашиот живот.
Ако, сепак, интуицијата ви сугерира дека нешто не е како што треба и дека можеби тој/ таа не е човекот за вас, тогаш можеби треба да го послушате внатрешниот глас.
Веројатно сегашната конекција не е она за што сонувате. Еве пет сигурни знаци дека излегувате со погрешен човек:
1. Не сте среќни.
Кога луѓето се во убав допир со вистинската личност, тие летаат на крилјата на среќата. Не велиме дека тие исто така не се расправаат со партнерот од време на време (и најстабилните парови го прават), а дека во целина се наоѓаат на подобро место од емоционална гледна точка. Најопшто кажано, кога човекот си најде соодветен партнер, тој се чувствува добро за себе и обратно – ако врската куца и среќата е тешко остварлива.
2. Немате самодоверба.
Во прилог на ова, дека човек во убав допир се чувствува среќен, обично тој има и самодоверба. Се разбира, секој понекогаш си има свои моменти на несигурност, но кога една индивидуа се чувствува сакана, таа е задоволна од себе.
3. Блиските ви велат да ја прекинете врската.
Ако луѓето, на кои им верувате најмногу, сметаат дека сте станати мамка за ајкула, ова е знак дека можеби партнерот во моментов не е идеален за вас.
4. Често мислите на друг човек.
Тоа нема да се случи, ако сегашниот партнер е соодветен за вас. Обично луѓето сонуваат за некој друг, кога гледаат премногу недостатоци во нивната сегашна врска. Ако тајно сакате друг човек, ова е проблем и е сигурен знак дека сегашната конекција не е сè, за што сонувате.
5. Чувство дека одбивате да ја прифатите вистината.
Многу луѓе го имаат следниов проблем – знаат дека нешто е точно, но едноставно не сакаат да го признаат тоа. Можеби тие не сакаат да веруваат дека направиле лош избор и преферираат да го игнорираат овој факт. Внатрешно сите ја знаат вистината, но се противат. Инстинктот им сугерира дека тоа не е човекот за нив, но внатрешниот глас шепоти толку слабо, што тие не го слушаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



