Поради вкусната храна и бројните традиционални специјалитети кои се дел од македонската кујна, холандскиот водич „Gosto travel“ ја стави Македонија во својата понуда за гастрономски патувања,пишува „Охрид њуз“.
На интернет страницата на овој водич може да се погледне целокупната програма која вклучува посета на културните споменици во Охрид и останатите македонските градови, како и посета на руралните средини, винариите и рестораните во различни региони.
Во дел од содржините се објаснува каде може да се вкусат зготвени јагнешки чорби во земјени садови, различни специјалитети од тесто, вкусен галички кашкавал и беровско сирење, охридска пастрмка, крушевски локум и други кулинарски специјалитети.
Иницијативата за организирање на гурманските тури низ Македонија произлегла од готвачот на холандски јазик „Сеќавањата на македонската кујна“ од авторот Жаклина Темелковска.
Во овој готвач се објавени голем број рецепти за традицинални македонски специјалитети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.