| четврток, 6 декември 2018 |

Бројот на жртвите во Газа расте, кој е виновен? (Видео)

ракета газаИзраел предупредува илјадници жители во источниот и северниот дел на Газа да ги напуштат домовите бидејќи следи воздушен напад, со кој велат, сакат да ги сопрат ракетните напади од Хамас. Според палестински извори, загинале најмалку 211 лица во овие напади. Околу 1400 ракети се испалени од Газа од 8 јули, посочува Тел Авив.
Израел вели дека се труди да ги минимизира цивилните жртви со предупредувањата, но колку се тие ефективни.
Британскиот јавен сервис истовремено го следи процесот од двете страни.
Од палестина укажуваат дека доколку некој и е член на Хамас, неговата куќа, стан и семејство да се смета како воена цел.
Но, Израел смета дека се додека траат ракетните напади од Газа, одговорноста за цивилните жртви е кај Хамас.
-Хамас си ги убива своите цивили. Кога ќе поставите семејство како човечки штит пред ракетна рампа, кога криете ракети и оружје во болниците, имате одговорност за убиството на своите цивили- вели Нафтали Бенет министерот за економија на Израел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top