Омразата кон Србите го натерала Доминик С. (17) да го убие Мирко Миленковиќ (23), кој бил во сериозна врска со Даниела С. (18), инаку сестра на Доминик. Убиството се случило во Германија, каде што живееле и двете семсјтва, едните Хрвати, другите Срби. Убиството се случило на матурската вечер на Даниела, на која Мирко требал да ја придружува.
Во саботата попладне, Миленковиќ, кој живее во Ној Изенбург, во близина на Франкфурт, стигнал до куќата на родителите на Даниела. Таа вечер таа имала матурска прослава, а Мирко требал да ја однесе. Тие биле во сериозна врска и планирале венчавка. Наместо матура и свадба, следувала трагедија.
На место на злосторството стигнала полиција и Брза помош, но лекарите успеале само да констатираат смрт на младото момче.
Доминик е упасен и испратен во дом за малолетници.
Околностите на злосторството не се познати, но се претппоставува дека мотивот кој довел до убиство е омразата на Доминик кон Миленковиќ, поради неговата националност.
Семејството на убиениот Миленковиќ смета дека Доминик омразата кон Србите ја попримил од албанското друштво во Офенбах, кое често му префрлало како може да дозволи сестра му да се забавува со Србин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка




