| четврток, 6 декември 2018 |

Њујорчани се насладуваат со македонски бурек

burek

Илјадници њујорчани, трговци, дистрибутери и гурмани се омрсија со македонски бурек на најголемиот саем за храна во Северна Америка „Самр фенси фуд шоу“, кој се одржа во Њујорк на почетокот на месецов, пишува Дневник.

Замрзнатиот бурек беше еден од неколкуте македонски производи кои американскиот дистрибутер „Фаст-пак“ ги изложи на саемот на автентични македонски и медитерански вкусови. Вака тие ги најавија производите на пет македонски брендови „Kадино индустри груп“, „Натура“ и „Винчини“ на „Макпрогрес“ и „Ва-ва“ на „Бага фоод“ и на два српски.

Во конкуренција на 100.000 производи

Извршен директор на „Kадино И.Г.“, Тодор Ѓорѓевски, вели дека имало огромен интерес за македонските производи во Њујорк, а дистрибутерите се презадоволни од реакциите на луѓето што го посетиле штандот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top