Граѓаните на Тузла се обидоа да го соборат Гинисовиот рекорд во подготовка на најголемиот бурек во светот. Во еден локален ресторан се направи бурек тежок 650 килограми, во кој има до 6. 000 порции.
Бурекот не само што се подели со граѓаните кои беа присутни на овој настан, туку порции ќе бидат доставени до голем број институции, меѓу нив и на вработените во полицијата, болницата и пожарната.
Во рок од три месеци ќе се дознае дали е поставен нов Гинисов рекорд, а до сега најголемиот бурек бил направен во Љубљана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.