Девет млади лица во Бања Лука ноќеска направиле вистински хаос, тепајќи се за бурек. Тепачката настанала помеѓу две групи момчиња кои чекале ред пред пекраницата.
Во еден момент се степале, а полицијата дошла и привела едно лице кое било утврдено дека е во алкохолизирана состојба.
Останатите учесници во тепачката биле повикани на информативен разговор.
Неколку момчиња се полесно повредени, а на заминување со автомобилот бутнале и еден сообраќаен знак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.