Холивудската актерка Шерон Стоун за прв пат по 22 години проговори за незаборавната сцена од филмот Основен инстинкт кој ја направи планетарна ѕвезда.
– Бев обична американска актерка кога стигнав на фестивалот во Кан, а заминав како светска ѕвезда, признава Стоун.
Во интервју за француски медиум, 56 годишната актерка тврди дека не знаела дека сцената со испрашувањето во полициската станица ќе стане толку еротска.
– Ме зезна режисерот. Бараше од мене да ги соблечам белите гаѓички затоа што наводно се гледале на снимката, но вети дека ништо нема да се види. Дури по неколку недели ми го покажа готовиот филм кој требаше да се прикажува во Кан. Кога ја видов сцената се почувствував измамена. Станав и му удрив шлаканица. Тоа ме шокираше. Да бев на негово место секако дека ќе ја задржев сцената, но требаше да ме предупреди. Тоа беше знак на непочитување, раскажува актерката која направи кариера со тој филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.