Една од најубавите актерки на светот ја отвори својата душа и ја опиша состојбата која следела после мозочниот удар кој го доживеала во 2001 година.
Во септември 2001 година Шерон Стоун доживеала тегоби,но дури после три дена отишла во болница. Едвај преживеала, со долго закрепнување за време на кое учела повторно да оди и да зборува.
-Се чувстував како навистина да умрев. Видев огромна бела светлина над себе и одеднаш тргнав кон неа. Како целото мое ДНК да се смени. Сретнав многу драги луѓе, кои починаа. Но сето тоа брзо се случи. Одеднаш повторно бев во своето тело. Тоа го смени целиот мој живот – рекла Шерон и додала:
-Сега веќе не се плашам од смртта. И на другите им кажувам дека тоа е убава работа и дека смртта е подарок. Кога смртта ќе дојде по вас, а ќе дојде, тоа е преубава работа. Се почувстував безбедно и добро. Смртта не е страшна- заклучила Шерон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.