Одлагањето на рокот за поднесување на кандидатури, генералниот секретар Зениер, го нарече „нов прозорец на можности“, за кој верува дека може да придонесе за придобивки за сите, во интерес на долгорочната стабилност и развој на земјата, соопштија од ОБСЕ.
Неговиот коментар следува откако во вторникот во Виена се сретна со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, со кого заклучиле дека внатрешно-политичките случувања во земјата земаат „загрижувачка димензија“.
ОБСЕ и ОДИХР ќе ги набљудуваат одблизу локалните избори на 24 март со 320 набљудувачи.
-Ова одлука уште еднаш покажува дека ОБСЕ и меѓународната заедница имаат вистински интерес и посветеност за земјата. Се надевам дека политичките чинители ќе одговорат на оваа посветеност со обезбедување компетатитивна и плураристичка средина на изборниот ден, изјави Зениер- стои во официјалното соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.