
Се наоѓаме во важен ден за иднината на Република Македонија кога треба да одлучиме за почеток на уставни измени кој што треба да регулираат повеќе области, нагласи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на денешната расправа по повод уставните измени.
Тој потенцираше дека со уставните измени во дело на ограничувањето на задолжувањето и ограничувањето на тековниот буџетски дефицит ќе се спречи и државата и сите општини во Репбулика Македонија да се задолжат како Општина Охрид.
Општина Охрид е една од најпреспективните Општини во Република Македонија, ги има едни од најдобрите ресурис, Општина на УНЕСКО. Општина Охрид има годишен буџет од 6 милиони евра, а оваа општина има 34 милиони евра долгови, нагласи Ѓорчев според кого токму уставните измени за ограничување на задолжувањето ќе спречат и други општини да ги снајде истата судбина.
Ние токму со овие измени што ќе ги донесеме и со измените што понатаму ќе следуваат во кривичниот законик ќе оневозможиме било која неодговорна Влада или влади економски да ја девастира Република Македонија ќе торшиме онолку колку што имаме и ќе бидеме одговорни со државните и јаните финансии, потенцираше Ѓорчев.
Ѓорчев истакна дека со уставните измени треба да се регулира и бракот, бракот како исклучиво како заедница помеѓу еден маж и една жена и додаде дека тоа го имаат многу држави во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


