| четврток, 6 декември 2018 |

Обединети нации: Можен е крај на епидемијата со СИДА

The-United-Nations

Организацијата на обединети нации (ООН) соопшти дека стапката на смртни случаи предизвикани од СИДА е на најниско ниво од 2004 година, а бројката на луѓе кои живеат со ХИВ-вирусот кој ја предизвикува болеста останала иста во последните две години.

Според извештајот, крајот на епидемијата со сида е можен, иако бројката на нови инфекции, која се уште е висока изнесува над 2 милиони во минатата година. Се очекува да биде намалена смртноста од болеста и од нови инфекции до 90 проценти до 2030 година. ООН проценуваат дека повеќе од 35 милиони живеле со ХИВ во 2013 година, а 1,5 милиони умреле од сида.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top