| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Пратениците да ја прифатат личната одговорност и да се вратат во Собрание

Ilija-Dimovski-int93-740x320-top
Уставните измени денеска влегоа во Собрание. Предлозите кои Владата ги предложи се потреби кои се однесуваат за прашања за фукционирање на целокупниот систем во Македонија и во интерес на сите граѓани без разлика на нивната национална, верска или политичка припадност. Измената на Уставот значи етаблирање на уставен поредок и имаме сериозна одговорност.

-Јас би сакал во оваа прилика да ги повикам оние пратеници кои што не доаѓаат на работа во Собрание,а имаат добиено мандат од граѓаните на Република Македонија да ја прифатат личната одговорност дека во еден ваков клучен момент кога разговараме за уставното уредување на Република Македонија, тие својта партија и своите лични интереси ги ставаат на приоритетно место. Тое е недозволиво , во овој момент државните интереси сериозната дебата дури некогаш и намерното контрирање и критикување е подобро за државата и е државен интерес отколку личната и партиската агенда која што ја тераат – посои Илија Димовски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи дека неколкуте дилеми кои се појавиле не постои поголема разлика помеѓу ниту еден пратеник во Собранието и дека патеката по која се развива државата треба да е плод на широк консензус во Собранието. Но развојот на уставниот и законскиот систем не смее да се условува со други прашања.

-Јас и вчера потенцирав и денеска ќе потенцирам ние имаме разбирање дека секоја политичка партија во РМ има сопствена визија како државата треба да се развива, но патека по која што ќе се развива државата треба да е плод на еден широк консензус овде во Собранието во момент кога ќе може да се поставуваат консензуси како за овие прашања треба да се прават чекорите понатаму, нагласи Димовски.

– Воведувањето на Државниот завод за ревизија како уставна категорија е препорака од многу релевантни институции. Со ова Заводот за ревизија ќе има дополнителна независност. Уште посигурно и постабилно ќе го набљудува процесот на трошењето на парите собрани од граѓаните наменети за јавни интереси. Тоа ќе значи дополнителна одговорност на сите институции кои се финансираат од буџетот – вели Димовски.

Димовски изјави дека за дефинирање на бракот постои широк политички, општествен и граѓански консензус.

– Дури 95 насто од граѓаните сметаат дека бракот треба да се дефинира во Уставот. Ова е тема за која нема етничка поделба. Европа не претставува пакет на либерални движења, а влезот во Европската унија не значи откажување од нашите семејните вредности. Регулацијата за ова прашање ќе значи гаранција дека за промена на ова прашање ќе треба широк консензус. По 40 години, мнозинство ќе бидат граѓаните кои ќе размислуваат различно, но заради сензибилитетот на ова прашање, ќе треба да обезбедат широк општествен и верски консензус. Ако воопшто се случи тоа некогаш во Македонија, нека им е со среќа на идните генерации – изјави Димоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top