| четврток, 6 декември 2018 |

Во Виена претепан Србин затоа што изгледал како хомосексуалец

Bec_620x0
Хомосексуалците, за чии права се борат западните земји на Балканот, не се сигурни, дури и на Запад. Ова го покажува случајот на Никола Периќ (19), кој неодамна бил претепан во Виена на трамвајската станица, пишува австриски „Курир”.

Периќ, кој за себе вели дека има „хомосексуален” стил на облекување, бидејќи носи високи кожени чизми, наметка и чанта, бил нападнат на станицата Маклајнсдорфер, каде бил тепан од страна на група млади луѓе до тој степен што тој морал да оди во болница.

Мотивот за нападот, како што истакнува тој, е јасна омразата кон хомосексуалците.

Пет или шест млади луѓе го удирале, а луѓето околу местото само набљудувале, пишуваат австриските медиуми.

Хомосексуалната иницијатива „Хоси“ е згрозена од нападот на Периќ, напоменувајќи дека во Австрија брутално претепување на хомосексуалец е реткост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top