Според пишувањата на италјанските медиуми Масимилијано Алегри до крајот на денот реба да биде именуван за нов тренер на Јувентус.
По изненадувачката оставка на досегашниот тренер Антонио Конте со кого клубот од Торино освои три последователни титули во Италија, за негов наследник се поврзува името на поранешниот тренер на Милан.
Конте поднесе оставка во вторникот навечер по несогласувањата со управата околу трансфер политиката на клубот. Тој не беше задоволен од имињата кои се спомнуваа како нови засилувања во тимот и можноста „старата дама“ да ја напуштат најголемите ѕвезди.
Целта на управата на Јувентус е да најде експресно тренер како не би се доцнело со подготовките за следната сезона.
Алегри и Јувентус ги договориле условите по кои 46 годишниот тренер би станал прв тренер на клубот.
Тој треба да потпише двегодишен договор со годишна плата од 2,6 милиони евра.
Поранешниот тренер на Милан не е омилен меѓу навивачите на најтрофејниот клуб бо Италија и вршат притисок тој да биде новиот тренер на италјанскиот шампион.
Ако Алегри дојде во Јувентус ќе биде интересна реакцијата на Андреа Пирло кој премина во редовите на клубот од Торино токму од Милан каде имаше несогласувања со тренерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.