| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нека протестира кај Црвенковски

zgrada-vmro-564x272
Опозицијата денеска ја згрешила локацијата за истурање на револтот против сиромаштијата. Наместо пред зградата на Министерството за труд и социјална политика, СДСМ требало да протестираат пред канцелариите на нивниот партиски шеф, Бранко Црвенковски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, после протестите на опозицијата.

-Во негово време се создадоа стечајците како социјална категорија, а 200.000 луѓе останаа без работа и речиси уште толку семејства на работ на егзистенцијата. Само за потсетување на Бендевска, рекордната стапка на невработеност беше достигната во време на СДСМ, кога таа изнесуваше цели 39 отсто. Во време на светска економска криза ВМРО-ДПМНЕ, не само што не ја зголеми невработеноста, туку успеа да ја смали за 7 отсто. Во време на СДСМ  работничките права беа брутално кршени. Тогаш СДСМ работниците ги нарекуваше заштитени бели мечки од планина- се вели во писмената реакција на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top