Николина Пишек и нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ, очекуваат принова. Според пишувањето на хрватските таблоиди, водителката е бремена околу пет месеци, а среќната вест ја поделила со семејството и најблиските пријатели.
Водителката и историчарот на уметноста се венчаа во септември минатата година во Монте Карло после врска од една година, а според пишувањата на хрватските таблоиди, изгледа наскоро ќе посакаат добредојде на своето прво заедничко дете. Пишек веќе има 17 годишна ќерка, а нејзиниот сопруг има петгодишна ќерка од претходната врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.