| четврток, 6 декември 2018 |

Принова на момците од „Некст тајм“

Одличната преработка на „Ја излези Ѓурѓо“ им донесе многу позитивни реакции и нови обожаватели на „Некст тајм“. Сега, две години подоцна, браќата Стефан и Мартин Филиповски се подготвени за нов проект.

Периодов ги немаше со причина, бидејќи како што велат се во големи подготовки за доаѓањето на приновата или преработка на уште една стара македонска песна песна, во која не се сомневаат и самоуварено велат дека ќе биде нов маестрален музички плод на кој работат со веќе поверен тим.

Во своите досегашни интервјуа браќата велеа дека после одличната преработка, ќе размислат подобро околу следните музички проекти и правецот во кој ќе се насочат.

– Токму сега е вистинскиот момент публиката да слушне нешто ново од Некст Тајм, да се дознае на што работевме изминатиот период и која беше нашата инспирацијата. Со „Ја излзи Ѓурѓо“ добивме фитбек од публиката повеќе од што очекувавме, а тоа не мотивира да работиме на она што го сака народот. Ја продолжуваме соработката со Никола Мицевски, а песната ќе излезе пред новогодишните празници. Ќе се снима и спот кој навистина ќе биде едно големо изненадување. Легендарните стари македонски песни со ова на некој начин повторно оживуваат и остануваат во наследство на помладите генерации – вели Стефан Филиповски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top