И покрај тоа што со Јувентус освои три последователни титули Антонио Конте од денес веќе не е тренер на „старата дама“, бидејќи Конте не ја прифатил понудата.
Иако претходно беше најавувано дека постојат големи шанси Конте да остане на чело на „Старата дама“ уште три години, сепак не дојде до продолжување на соработката.
44-годишниот Конте имаше важечки договор до следното лето и не ја прифати понудата за продолжување од Јувентус кој понуди плата од пет милиони евра по сезона.
Како најсериозни кандидати за нов тренер на шампионот на Италија се најавуваат Роберто Манчини и Масимилијано Алегри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.