– Преку Црвениот крст уште во синоќешните часови организиравме во Куманово да пристигнат првите количини на храна, кебиња, душеци и хигиенски производи- изјави вицепремиерот Пешевски.
Најави дека денеска ќе пристигне дополнителна помош, а дел од сместените во училишната сала побараа од вицепремиерот и помош за обезбедување на лекови.
– Потребно е да се обезбеди и лекарска нега за дел од граѓаните. Тие веќе се прегледани од лекари од итна помош и до вечерва ќе се обезбедат и потребните медикаменти за терапија- рече Пешевски.
По повлекувањето на водата, додаде, потребно е да се започне со акција за расчистување на домовите на жителите од населбите кои претпреа штета.
– Најважно е да се пристапи кон расчистување, бидејќи водата се повелекува од нивните куќи. Очекувам во текот на утрешниот ден оваа акција да започне- потенцира вицепремиерот.
Порача дека се што е во надлежност на Владата ќе биде спроведено и дека проблемите ќе се решаваат тековно согласно потребите.
Во училшните сали во основните училишта „Крсте Мисирков“ и „11 Окотмври“ во Куманово привремено се сместени близу 200 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пешевски: Платформата е реакција на понудите на СДСМ, граѓаните ги интересира економијата
-
Дополнителни 10 милиони евра за малите и средните претпријатија
-
Димитриев и Пешевски на средба со синдикатот и менаџерскиот тим на Југохром
-
Пешевски на средба со струмичани: ВМРО-ДПМНЕ не шпекулира, ние работиме и градиме