| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовна трагедија: Убиен Србин бидејќи сакал да се ожени со Хрватка

Во Германија се случила љубовна трагедија  во која 23-годишниот Србин Мирко Миленковиќ е убиен бидејќи сакал да се ожени со Хрватка.

srbija hrvatska

Убиството го извршил братот на неговата свршеница 19-годишната Даниеле, Доминик С по потекло од Хрватска, пишува Ало.рс.

Убиенот Мирко минатиот викенд во Франкфурт со својот живот ја платил љубовта кон Даниеле С, млада хрватска со која планирал да се ожени, пренесуваат германските медиуми.

Без никаков повод, освен национална омраза, Мирко бил избоден до смрт пред куќата на неговата девојка од страна на нејзиниот малолетен брат.

Веднаш по злосторството убиецот е приведен и сместен во затвор за малолетници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top